Славни парови кои биле во „отворена врска“

Тоа што за некои е изневерување, за други е договор за „отворено“ функционирање во врската или бракот. Во светот на шоубизнисот, секако дека второто не е ни малку чудно.

slavni-parovi-koi-bile-vo-otvorena-vrska-001.jpg

Дел од овие „отворени врски“, па и „отворени бракови“ не сме знаеле дека така функционираат, иако го знаеме секој детаљ за животот на ѕвездите.

Деми Мур и Ештон Кучер

Парот кој беше контроверзен заради големата разлика во години, бил контроверзен и по уште еден друг договор. Наводно, парот си дозволувал други партнери, но само ако и двајцата се вклучени и запознаени со ситуацијата.

Ештон очигледно не ги почитувал правилата, бидејќи имал тајна афера со жена по име Бритни Џонс.

slavni-parovi-koi-bile-vo-otvorena-vrska-1.jpg

Вил и Џада Пинкет Смит

Џада дури и во едно интервју има признаено дека на сопругот му ја дава слободата „да прави што сака, сè додека следниот ден може со чист образ да се погледне во огледало заради своите постапки.“

slavni-parovi-koi-bile-vo-otvorena-vrska-2.jpg

Џастин Тимберлејк и Џесика Бил

Иако сега се во моногамен брак, на почетокот биле во отворена врска бидејќи и двајцата не сакале да се смират. Бил не била најсреќна со договорот, но за среќа и мислењето на Тимберлејк се променило и повеќе не сакал да се гледа со други жени.

slavni-parovi-koi-bile-vo-otvorena-vrska-3.jpg

Меган Фокс и Брајан Остин

Наводно овој славен пар имал еднонасочна отворена врска. Поточно, само Меган имала желба и потреба да се гледа со други партнери. Сепак, парот сега има 3 дечиња и ниту една докажана афера.

slavni-parovi-koi-bile-vo-otvorena-vrska-4.jpg

Гвинет Полтроу и Крис Мартин

Пред пријателски да се разделат, Крис и Гвинет биле во отворен брак. Гвинет во една прилика дури изјави: „и двајцата сме возрасни. Секој си прави сопствени избори.“

slavni-parovi-koi-bile-vo-otvorena-vrska-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg