Кој ќе биде најромантичниот миг на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл?
- Детали
- понеделник, 12 февруари 2018
Искрени емоции, пролет и раскош, британското кралско семејство работи на подготовката на една од најочекуваните свадби на светот.
На 19-ти мај ќе бидеме сведоци на свадба од соништата.
Принцот Хари и Меган Маркл ќе се возат со кочија по улиците на Виндзор до капелата St. George, каде ќе ги разменат заветите.
Во 2011 година токму возењето со кочија низ Лондон на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон беше еден од најромантичните мигови, па се претпоставува дека така ќе биде и на свадбата на Хари и Меган.
Официјално од платата е издадено известување во кое се вели дека свадбата ќе започне во 12 часот на пладне по британско време. Исто така, веќе е утврдено кој ќе ја води нивната црковна церемонија.
Потоа парот ќе парадира по улиците за што повеќе луѓе да можат да ги видат и да уживаат во големиот ден заедно со нив.
Поканите сè уште не се испратени, но се предвидува дека ќе има околу 800 гости.
Приемот на гости ќе се случи во St. George’s Hall, една од најлуксузните простории во замокот Виндзор.
Сигурно ова ќе биде уште еден настан за паметење на британското кралско семејство.
С. С. | Црнобело