Била силувана на 9 години, свршена е со партнерот 25 години: Факти за Опра Винфри
- Детали
- четврток, 08 февруари 2018
Денес е милијардерка која е инспирација на милион луѓе ширум светот, но некогаш било девојче кое растело во сиромаштија и било сексуално злоупотребувано.
Опра Винфри е една од најинспиративните познати личности. Таа има успешна кариера и огромно богатство и каде и да се појави плени со својата харизматична личност.
Преку своето шоу има допрено до животите на милиони гледачи и помогнато на милиони луѓе.
Опра е во светскиот врв на жени милијардери на светот, кои сами го создале своето богатство.
Од мало скромно девојче до феноменална жена позната по страстните инспиративни говори, некои факти за животниот пат на Опра:
Како дете носела вреќи од компири наместо облека
Опра била родена како дете на 20-годишен војник и 18-годишна куќна помошничка. Тие биле премногу сиромашни за да и купат вистинска облека.
Во првите години од животот Опра живеела во примитивен дом без струја и вода.
Опра е жртва на брутална злоупотреба и силување
Како 9-годишно девојче Опра е силувана, а потоа малтретирана повторно во тинејџерските години сè додека не наполнила 19 години. Како дете за неа најмногу се грижела нејзината баба.
Нејзиното патување низ физичката, емоционалната и сексуалната злоупотреба и закрепнувањето од тоа и хранењето на себеси со мотивирачки пораки, ја направиле инспиративниот говорник и емпатичен слушател кој е денес.
Нејзиното шоу денес им дава можност на многу жени да говорат јавно за злоупотребата низ која минуваат.
Свршена е со партнерот од 1992 година
Американскиот едукатор, автор и бизнисмен Стедман Грахам е свршеник на Опра од 1992 година. Тие одлучиле да имаат духовно партнерство наместо легален брак.
Стедман има ќерка од неговиот прв брак. Опра и тој се заедно повеќе од 25 години и покрај гласините околу нивната недефинирана врска.
Опра добила син на 14-годишна возраст
Опра родила син на 14 години, но бебето починало по само две седмици поради компликации од предвременото породување. Долг период од животот ова Опра го носела како огромна тајна, сè додека некој од луѓето на кои им верувала не ја раскажал ситуацијата во медиумите.
Таа била скршена кога светот дознал за единствената тајна од која се срамела.
Била отпуштена од нејзината работа како репортер
По само 7 месеци работа како репортер во вестите во телевизија во Балтимор, Опра била избркана од работа, но токму тој немил настан ја довел до тоа што е денес.