Славни жени кои изгледаат постаро од годините кои ги имаат
- Детали
- вторник, 23 јануари 2018
Секоја жена има таен трик со кој изгледа помладо. Без оглед дали се работи за црвен кармин, мачкини очи, собрана коса која го затегнува целото лице или пак неколку килограми помалку, не постои жена која нема откриено како да скрие неколку години.
За жал, некои ѕвезди одат во крајност, па добиваат спротивен ефект.
Овие 6 славни жени, сакале или не, изгледаат постаро од годините кои ги имаат:
Мери Кејт Олсен - 31 година
Иако ја паметиме како детска ѕвезда, многуте естетски зафати ѝ го уништија изгледот.
Тара Рид - 42 години
Анорексијата и пластичните операции дадоа тажен ефект.
Анџелина Џоли - 42 години
Борејќи се со анорексија и стресен развод, Анџелина од најсексапилна дама се претвори во жена која изгледа постаро од своите години.
Кетрин Зита-Џонс - 48 години
Повторно сите веруваат дека пластичните операции од пред неколку години, сега си го земаат данокот.
Никол Ричи - 36 години
Трендсетерката и некогашната најдобра пријателка на Парис Хилтон, долго време беше под влијание на наркотични средства, а патеше и од анорексија. Сето тоа се одрази врз изгледот.
Викторија Бекам - 43 години
Претераната слабост очигледно е причината за тоа Викторија да изгледа постаро отколку што е.
М. Д. | Црнобело