Славни парови на кои им се посреќи во љубовта во 2017 година
- Детали
- четврток, 28 декември 2017
Љубовта е насекаде околу нас, а светот на славните не претставува никаков исклучок.
2017 година се покажа како среќна за многумина од нив. Некои се смирија со поранешните непреболени љубови, други пак си пронајдоа сосема нови партнери.
Најголема прашина кренаа Џенифер Лопез и Алекс Родригез, но и повторното спојување на Селена и Џастин.
Кои вљубени славни парови ја одбележаа 2017 година?
Џастин Бибер и Селена Гомез
Врската за првпат ја официјализираа во февруари, 2011 година, а од тогаш следуваат многу подеми и падови.
На почетокот на оваа година, Селена ја започна љубовната приказна со The Weeknd, но како што пее во еден од нејзините хитови – Срцето го сака она што го сака, па повторно му се врати на Џастин Бибер по раскинувањето со Абел во октомври.
Кајли Џенер и Тревис Скот
Откако Кајли конечно се раздели со нејзиното долгогодишно момче, раперот Тајга, најде утеха во прегратките на нов рапер – Тревис Скот.
Врската ја започнаа во април оваа година, а чекаме и потврда за гласините дека го очекуваат и нивното прво дете.
Џенифер Лопез и Алекс Родригез
Ова е можеби една од најозборуваните љубовни врски кои ја обележаа 2017 година.
Алекс изјави дека со Џенифер се скоро како близнаци. Двајцата се Лавови во хороскоп, двајцата се од Њујорк, двајцата се Латино и уште 20 други заеднички работи.
Бруклин Бекам и Клои Грејс Морец
Најстариот син на Бекамови и актерката Клои Морец ја раскинаа својата врска во септември, 2016 година, за повторно да се смират во март оваа година.
И покрај многуте раскинувања, парот изјави дека сфатиле дека се еден за друг и не сакаат повеќе да се одвоени еден од друг.
Скот Дисик и Софија Ричи
Поранешното момче на Кортни Кардашијан ја започна врската со Софија за време на Канскиот филмски фестивал во мај, но тогаш изјавија дека се само другари.
Неколку месеци подоцна папараците ги уловија на заеднички одмор како се бакнуваат и стана очигледно дека се пар.
Лејди Гага и Кристијан Карино
Лејди Гага ја пронајде својата љубов во музичкиот агент Кристијан Карино - врската ја официјализираа во февруари, а во ноември 2017 тој ја запроси.
„Најдоброто нешто кога си вљубен во некого е што личноста е тука да те фати доколку паднеш“, изјави Гага во едно интервју за новата љубов, откако претходно ја раскина врската со Тејлор Кини.
Мараја Кери и Брајан Танака
Поп дивата ја започна својата врска со танчарот Танака кон крајот на 2016 година, но се разделија 5 месеци подоцна. Сега се повторно смирени и повљубени од кога било.
Џеси Вилијамс и Минка Кели
Актерот, нам најпознат по улогата во серијата Grey’s Anatomy, се разведе од сопругата со која беше во брак 5 години.
Пролетва ја започна својата врска со Минка Кели, а се запознале додека снимале видео игра во Париз.
Крис Еванс и Џени Слејт
Една од омилените холивудски двојки повторно ја обнови врската во ноември. Новинарите ги уловиле како бираат нов заеднички стан во Њујорк и сите ја заборавија разделбата која толку силно ги потресе во февруари оваа година.
Сем Смит и Брендон Флин
„Прилично сум среќен, па прилично е чудно“, изјави пејачот за време на гостувањето во шоуто на Елен де Џенерис за врската со актерот Брендон Флин кој глумеше во популарната тинејџерска серија „13 Reasons Why“.
(О)Милена | Црнобело