Lady Gaga „љуби“ алкохол
- Детали
- петок, 09 јули 2010
Револуционерна гардероба, песни, спотови...влијание на многу луѓе ширум светот. А, како Лејди Гага го постигна сето ова? Неодамна пејачката...
...изјавила дека сите заработени пари ги троши на облека и уредување на сцените за концертите. Таа вели дека најдобра инспирација и идеи добива откако ќе испие пола шише виски.
“Од најнеобични крпи можам да искреирам вечерна тоалета - ако сум пијана“ – вели Гага. Таа неодамна призна и дека без апчињата кои и ги препишал докторот станува депресивна и добива напади на паника.
“Ме мачи што не можам да ги контролирам своите мисли. Но, јас го сакам тоа, затоа што мислите се нескротливи исто како и музиката.“