Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Хајди Клум му оддаде почит на Мајкл Џексон со епска маска за Halloween

Моделот, инспириран од музичкото видео за песната „Thriller“ на Мајкл Џексон, повторно имаше маска за паметење.

hajdi-klum-mu-oddade-pochit-na-majkl-dzekson-so-epska-maska-za-halloween-01.jpg

Хајди Клум е позната по незаборавните маски за Halloween, па и годинава остана доследна на високите критериуми што ги постави изминатите години.

Моделот (44) на 18-тата годишна забава по повод Ноќта на вештерките во Њујорк му оддаде почит на Мајкл Џексон за музичкото видео „Thriller“ од 1983 година и облече костим на врколак, кој изгледаше исто како оној од спотот на починатата ѕвезда.

Во легендарното 14-минутно видео Мајкл го гледаме како големо, влакнесто суштество.

Потсетете се на неговиот епски спот:

Изгледот на Хајди вклучуваше протетика на лицето, рацете и градите. Долги нокти, бујна перика, големи заби, едноставно застрашувачко.

Подготовката на маската беше напорен процес, а Хајди тоа го покажа низ неколку видеа на Инстаграм:

Дури и остатокот од изгледот беше во духот на Мајкл Џексон, па таа облече црвено-златна јакна со големо „М“, фармерки и бели чорапи. Придружувана беше уште од неколку луѓе во зомби костими, за да се добие комплетен ефект.

Еве како изгледаше Хајди на забавата:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Баба им недозволено им ги трошела милионите од татко им – Трите деца на Мајкл Џексон заедно на црвен...  Биги, најмалиот син на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон, се појави во Л...
8 холивудски скандали што сигурно сте ги заборавиле Скиентолошкото видео на Том Круз кое протече онлајн, но и судењето на Мајкл Џекс...
Со пари можат да си купат и талент - како живеат и заработуваат ќерките на Џеј Ло, Бијонсе, Ким Кард... Ќерката на Бијонсе има личен готвач и стилист, а името ѝ е заштитено со закон. К...
Мајкл Џексон спиел во ист кревет со мали деца: Најскандалозните признанија на славните (што јавноста... Мајкл Џексон откри дека спиел во ист кревет со мали деца, поточно Меколи Калкин ...
Линдзи Лохан пијана се обиде да киднапира дете: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Се сеќавате на актерот Арчи Хамер за кој пред четири години се појавија обвинени...
Селена Гомез, Кејт Винслет – Познати дами кои гордо ги носат несовршеностите и вишокот килограми Откако сите светски медиуми објавија дека Лејди Гага е бремена, таа излезе и им ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg