Кои се најбогатите членови на кралските семејства во Европа?
- Детали
- понеделник, 23 октомври 2017
Во Европа во моментов има вкупно 12 кралски семејства. Некои од нив голем дел од богатството го наследиле од претходните генерации, а за некои трошоците за живот ги покрива државата која ја претставуваат.
Во секој случај, кралските семејства се едни од најбогатите семејства во светот, а еве кои нивни членови се моментално најбогати:
Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција
Шпанското кралско семејство добива примања од државата кои во 2014 и 2015 година изнесувале 6.9 милиони евра. Најголемиот дел од овие пари оди кај Филип, а остатокот кај неговата сопруга, Кралицата Летиција.
Освен тоа, тие управуваат со 8 кралски палати, 5 резиденции и 10 манастири кои моментално ги користи кралското семејство.
Кралицата Маргарета II
Данска секоја година одвојува 9.6 милиони фунти за кралското семејство, а тој износ се дели меѓу членовите и остатокот служи за трошоците од нивните активности.
Најголем дел оди кај Кралицата Маргарета II. Половина од данските кралски палати се во сопственост на државата, а другата половина припаѓаат на кралското семејство.
Кралот Вилем-Александер
Во 2015-та, буџетот на Кралот Вилем-Александер од Холандија изнесувал 35,8 милиони фунти. Дел од тој износ е наменет за неговата мајка Беактрикс, која беше на тронот 33 години.
Во 2007-та, Forbes го процени богатството на кралското семејство од Холандија на 230 милиони фунти.
Принцот Алберт
Кнежевството Монако во 2015-та издвоило дури 39 милиони фунти за монархијата која владее.
Иако тој износ се распределува помеѓу членовите на семејството, најголем дел му припаѓа на Принцот Алберт.
Кралицата Елизабета
Британското кралско семејство очекувано е на врвот на листата на најбогати монархии.
Минатата година, државата одвоила 42.8 милиони фунти за семејството, а најголем дел од оваа сума оди кај Кралицата Елизабета.
Според последните статистики, богатството на Кралицата Елизабета се проценува на 322 милиони фунти.
М. В. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





