Серена Вилијамс роди ќеркичка
- Детали
- сабота, 02 септември 2017
35-годишната тенисерка и нејзиниот вереник го добија нивното прво дете во петокот попладне.
Серена донесе на светот девојче тешко околу 3 килограми.
Според репортерот Крис Шепард, извор од болницата St. Mary's Medical Center во Флорида, ги потврдил среќните вести на парот:
„Тениската ѕвезда Серена Вилијамс роди девојче тешко 3 килограми. Мајката и бебето се во добра состојба.“
Откако веста се рашири, по социјалните мрежи почнаа да се појавуваат пораки со честитки, а фановите и пријателите ја делат радоста со семејството.
Дел од познатите кои упатија честитки се Бијонсе и Рафаел Надал, а ние им посакуваме сè најдобро и секако, очекуваме фотки.
М. М. | Црнобело