11 ѕвезди кои не дозволија парите и славата да ги расипат и останаа луѓе

И во светот на славните има луѓе и нелуѓе. Постои одредена група која очигледно не дозволила ѕвездениот статус да им го замрзне срцето. Тие се емпатични, хумани и умеат да се стават во туѓи чевли.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-01.jpg

Кои од славните луѓе имаат најголеми и најхумани срца?

Мадона

Пред повеќе од 10 години поп иконата го основа фондот за помош на државата Малави во Јужна Африка која се бори против сиромаштијата.

Фондацијата главно нуди поддршка за децата сирачиња и ХИВ инфицираните луѓе.

Ѕвездата покрај тоа што посвои 4 дечиња од Малави, изгради и детска болниц и отвори училиште за девојчиња.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-02.jpg

Дејвид Бекам

Од 2005 година Бекам е член на УНИЦЕФ Амбасадорите на добра волја. 10 години подоцна со поддршката на УНИЦЕФ поранешниот фудбалер ја основаше фондацијата „7“ која им помага на децата – жртви на насилство, болни дечиња и оние кои биле злоупотребувани.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-13.jpg

Шарлиз Терон

Шарлиз раководи со специјален проект кој снабдува африкански болници со лекови и им помага на младите луѓе да се образуваат. Актерката исто така помага во изградбата на фудбалски терени надвор од градските подрачја во Јужна Африка.

Шарлиз е активен член и на меѓународната организација PETA и се бори за правата на животните и хуман третман кон истите. Таа е и амбасадор на Обединетите Нации во борба против насилство врз жените.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-12.jpg

Елтон Џон

Во 1992 година Сер Елтон Џон ја основаше фондацијата која го носи неговото име, а се бори против сидата. Сé што ќе заработи од продажбата на неговите албуми во Америка и Велика Британија тој го донира како финансиска поддршка во борба против сидата.

Тој постојано организира и добротворни забави и балови со цел да собере уште повеќе средства.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-04.jpg

Жизел Бундхен

Супермоделот ја започна својата хуманитарна кариера кога го стави целиот свој скап накит на аукција. По земјотресот во Хаити таа донираше 1,5 милиони долари на настраданите жртви. Во 2012 година долгоногата убавица ја посети Кенија како амбасадор на Обединетите Нации.

Жизел е исто така поборник за здрава животна средина.

11-zvezdi-koi-ne-dozvolija-slavata-i-parite-da-gi-rasipat-11.jpg

Листата продолжува на следна страна...



Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Тревис Баркер во крзнени папучи, Ријана на аеродром со двата сина: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек за реклама се потсмеваше на своја сметка со голем број кутии крофни и ...
Бред Пит и Џорџ Клуни на вечера со саканите жени во Венеција – моќно пријателско дуо, без љубомората... Пријателското дуо Џорџ Клуни и Бред Пит се атракција во Венеција со секое нивно ...
Бредли Купер брза да ја земе ќерката на која ѝ се слошило, Џеј Ло ја држи мајка ѝ за рака: Фото-дока... Бредли Купер мораше да ја напушти прес конференцијата за најновиот филм „Maestro...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg