11 ѕвезди кои не дозволија парите и славата да ги расипат и останаа луѓе
- Детали
- недела, 13 август 2017
И во светот на славните има луѓе и нелуѓе. Постои одредена група која очигледно не дозволила ѕвездениот статус да им го замрзне срцето. Тие се емпатични, хумани и умеат да се стават во туѓи чевли.
Кои од славните луѓе имаат најголеми и најхумани срца?
Мадона
Пред повеќе од 10 години поп иконата го основа фондот за помош на државата Малави во Јужна Африка која се бори против сиромаштијата.
Фондацијата главно нуди поддршка за децата сирачиња и ХИВ инфицираните луѓе.
Ѕвездата покрај тоа што посвои 4 дечиња од Малави, изгради и детска болниц и отвори училиште за девојчиња.
Дејвид Бекам
Од 2005 година Бекам е член на УНИЦЕФ Амбасадорите на добра волја. 10 години подоцна со поддршката на УНИЦЕФ поранешниот фудбалер ја основаше фондацијата „7“ која им помага на децата – жртви на насилство, болни дечиња и оние кои биле злоупотребувани.
Шарлиз Терон
Шарлиз раководи со специјален проект кој снабдува африкански болници со лекови и им помага на младите луѓе да се образуваат. Актерката исто така помага во изградбата на фудбалски терени надвор од градските подрачја во Јужна Африка.
Шарлиз е активен член и на меѓународната организација PETA и се бори за правата на животните и хуман третман кон истите. Таа е и амбасадор на Обединетите Нации во борба против насилство врз жените.
Елтон Џон
Во 1992 година Сер Елтон Џон ја основаше фондацијата која го носи неговото име, а се бори против сидата. Сé што ќе заработи од продажбата на неговите албуми во Америка и Велика Британија тој го донира како финансиска поддршка во борба против сидата.
Тој постојано организира и добротворни забави и балови со цел да собере уште повеќе средства.
Жизел Бундхен
Супермоделот ја започна својата хуманитарна кариера кога го стави целиот свој скап накит на аукција. По земјотресот во Хаити таа донираше 1,5 милиони долари на настраданите жртви. Во 2012 година долгоногата убавица ја посети Кенија како амбасадор на Обединетите Нации.
Жизел е исто така поборник за здрава животна средина.