Ева Лонгорија во розово бикини на одмор во Шпанија со сопругот Хозе Бастон (фото)
- Детали
- вторник, 18 јули 2017
Брачниот пар минува незаборавни мигови на рајска дестинација.
Ева Лонгорија (42) деновиве одмора во Шпанија со својот сопруг Хозе Антонио Бастон. Актерката ужива во Марбеља, дестинација за која велат дека е шпанскиот еквивалент на Сен Тропе.
Во минималистичко розово бикини Ева го покажа тонираното тело и работеше на својот чоколаден тен.
Добро расположената ѕвезда од серијата „Очајни домаќинки“ уживаше покрај својот сопруг Хозе, кој за оваа пригода облече црни шорцеви за капење. Вљубениот пар се релаксираше разладувајќи се во океанот.
Актерката со својот сакан го кажа судбоносното „да“ во мај 2016 на прекрасна свадбена церемонија во Акапулко, Мексико.
С. С. | Црнобело