19 години по „Дивиот Ангел“ – Како изгледа Наталија Ореиро на 40 години?
- Детали
- недела, 06 август 2017
Годините не ѝ можат ништо на уругвајско-аргентинската убавица, која нè освои пред речиси две децении.
Ведрата црвенокоса се лансираше во ѕвездите со помош на шпанските теленовели и преку ноќ стана миленичка на многу луѓе ширум светот.
Денес Наталија Ореиро има 40 години, но времето како да застанало за неа - таа сė уште е истата убавица што ја помниме од ТВ екраните.
Уругвајско-аргентинската пејачка, актерка и модна дизајнерка од 2008-ма престана да снима серии и се концентрираше само на филмови.
Таа исто така е дел од многу хуманитарни организации како Greenpeace и UNICEF.
Наталија уште од 8-годишна возраст се појавува во рекламни кампањи, а веќе од 16 години сериозно работи и ја реализира својата амбиција да стане ѕвезда.
Серијата Muñeca Brava (Дивиот ангел) која се емитуваше и во Македонија и носечката нумера „Cambio Dolor“, која ја отпеа токму Наталија, доживеаја светска слава. За оваа улога Наталија доби неколку номинации.
Таа е во брак со рок музичарот Рикардо Моло, но нивниот однос е проследен со кризи. Парот долги години не можеше да има дете, а во 2012-та го добија синот Мерлин.
Еве дел од најновите фотографии на Наталија:
С. С. | Црнобело