Никој не е совршен: Ѕвезди кои биле во затвор
- Детали
- петок, 14 јули 2017
Многу од познатите личности имале проблеми со законот пред да станат познати. Но, понекогаш ни славата не помага, па дел од нив не успеале да „фатат врски“ за да поминат полесно по направен прекршок.
Од мали до посериозни кршења на законот, еве ја листата на ѕвезди со криминално досие:
Марк Волберг
Актерот бил осуден на две години затвор поради тоа што бил учесник во тепачка.
Марта Стјуарт
Омилената американска водителка била осудена на 5 години затвор и 5 месеци куќен притвор бидејќи лажела за продажба на имот. Отслужила само една година.
Роберт Дауни Џуниор
На проблематичниот актер му следела затворска казна од 3 години поради поседување на дрога и оружје.
Линдзи Лохан
Линдзи Лохан е една од ѕвездите кои се соочиле со повеќе казни, од кои најпознатата е онаа од пред неколку години кога беше осудена на условно поради кражба.
Лил Ким
Раперката Лил Ким била осудена на 1 година затвор поради тоа што лажно сведочела за инцидент со пукање, за да ги заштити пријателите.
Парис Хилтон
Познатата богаташка поминала дури 3 дена во затвор поради тоа што ја прекршила условната казна.
50 Сент
Раперот бил осуден на затворска казна од 3 до 9 години поради нелегално поседување на оружје. Отслужил само 6 месеци.
Мајк Тајсон
Светски познатиот боксер поминал 36 месеци во затвор поради сомнение за силување во 1991.
Мишел Родригез
Познатата актерка од „Брзи и бесни“ поминала 18 денови во затвор поради прекршување на условната казна која била поврзана со возење во алкохолизирана состојба.
М. В. | Црнобело