Бекамови - Модно ускладено семејство за промоцијата на првата книга на Бруклин
- Детали
- среда, 28 јуни 2017
Викторија и Дејвид Бекам се горди родители. Заедно со целото семејство присуствуваа на промоцијата на книгата со фотографии What I See на нивниот најстар син Бруклин, која се одржа во Лондон.
Меѓу другото, во книгата има и фотографии од приватни моменти на славното семејство. Дејвид и Викторија за настанот одбраа да бидат модно ускладени во црна боја во свечено издание.
Бруклин и Круз обраа кежуал варијанти, а најмногу внимание привлече синот Ромео кој беше облечен во син костум и бела кошула, во стил на татко му.
На промоцијата присуствуваа и роднини и пријатели на семејството, меѓу кои и Џек Ремзи, синот на готвачот Гордон Ремзи и Анаи Галагер, ќерка на музичарот Ноел Галагер.
М. В. | Црнобело