Аристократска свадбена прослава во Италија на 40-годишната Џесика Честејн (фото)
- Детали
- понеделник, 12 јуни 2017
Актерката Џестика Честејн во саботата (10.06) се омажи со своето момче Жан Лука Паси де Препузоло во Италија.
Свадбата на прекрасната 40-годишна актерка се одржа во италијанскиот град Тревизо, во близина на Венеција, на семејниот имот на младоженецот.
Џесика изгледаше прекрасно во бела „винтиџ“ венчаница со тантела и интересен крој кај половината. Нејзините препознатливи црвени локни беа собрани во едноставен кок врз кој имаше бел вел од тул.
Нејзиниот 34-годишен избраник беше заводлив во син костум со бела кошула и сива вратоврска.
Жан Лука потекнува од аристократско семејство, па свадбената прослава беше комбинација од холивудски ѕвезди и италијанска аристократија. Помеѓу присутните беа актерката Ен Хатавеј, актерката Емили Блант и италијанскиот модел Бјанка Брандолини д'Ада.
С. С. | Црнобело