Како изгледала Норма Џин пред да стане Мерилин Монро? (фото)
- Детали
- среда, 07 јуни 2017
Со нејзината платинесто руса коса и препознатливиот кармин во силно црвена боја, Мерилин Монро лесно можете да ја ставите во категоријата на најкултни славни личности на сите времиња.
Но, не изгледала отсекогаш така.
Мерилин е родена како Норма Џин Мортенсон и имала навистина тешко детство. Се селела од еден дом во друг дом за сираци, од еден дом за згрижување во друг и во поголемиот дел од нив имала трауматски искуства.
Била сексуално злоупотребувана и дури почнала да пелтечи.
Стапила во брак на 16 години, но и тоа не ѝ донело среќа.
Сè се променило во 1944-та година кога додека работела за воена фабрика, била претставена на фотограф заради кој ја започнала својата кариера како фотомодел.
Наскоро потоа станува една од најголемите холивудски актерки на сите времиња, секс симбол и културна икона.
Како изгледала Норма Џин пред да стане Мерилин Монро?
Н. Г. | Црнобело