Ретки приватни фотки од животот на Фреди Меркјури и неговиот последен партнер
- Детали
- среда, 31 мај 2017
Познат како геј-икона, фронтменот на групата „Queen“, Фреди Меркјури, главно го чувал во тајност својот приватен и интимен живот..
Сепак, кога ќе ги погледнете фотографиите на познатиот пејач и неговото последно момче Џим Хутон, ќе ви стане јасно дека станувало збор за вистинска љубов. Фреди ја започнал својата врска со фризерот Џим Хутон кон средината на ‘80-тите години. Интересно е да се напомене дека почетокот на нивната врска се одвивал по трнлив пат, и тие всушност почнале сериозно да се гледаат дури 3 години по првиот состанок.
Две години подоцна, Џим се преселил во Гарден Лодџ и почнал да живее со Фреди, а заедно останале се до смртта на артистот во 1991-та година. Откако дознал дека е болен, Фреди сакал да ја прекине врската, но Џим бил истраен и останал со својата љубов се до неговиот последен здив.
Во продолжение погледнете ги досега необјавените фотографии од легендарниот фронтмен на групата „Queen“, Фреди Меркјури и неговото момче Џим Хутон.
С. У. | Црнобело