Сè што треба да знаете за згодниот, 23-годишен дечко на Кортни Кардашијан
- Детали
- среда, 31 мај 2017
Кортни Кардашијан докажа пред цел свет дека е подготвена да продолжи понатаму и да се дистанцира од драмите на Скот Дисик. Најголемата Кардашијан сестра, која е мајка на 3 деца, сè почесто ја гледаме во јавноста со новото момче и изгледа како работите да стануваат сериозни помеѓу нив.
Но, кое е новото момче? Од каде се појави? Како ја запозна Кортни? И најважно, како ги направи тие стомачни мускули?
Ние ќе ви помогнеме малку со одговорите - ова е сè што засега знаеме за него.
Тој е помлад од Кортни, многу помлад
Јунес Бенџима има 23 години, додека Кортни има 38, што го прави цели 15 години помлад од неа.
Зборува повеќе јазици
Тој течно зборува 3 јазици. Неговата мајка живее во Париз, а тој е од Алжир, па така тој зборува француски, англиски и арапски.
Професионално се занимавал со бокс
Пред да стане модел, бил професионал боксер.Така што, тоа ја решава мистеријата со стомачните.
Во врска е со Кортни од октомври 2016
Всушност, медиумите тврдат дека тој бил со Кортни во клубот, ноќта кога нејзината сестра Ким беше ограбена во Париз. Пред Кортни, бил во врска со моделот Џордан Дан, со која раскинал една недела пред да ја започне врската со Кортни. Оттогаш се неколку пати видени заедно.
Буквално бил „одвлечен“ од улиците за да стане модел
Случајно бил забележан низ улиците во Њујорк, од агент кој го препознал неговиот потенцијал. Во 2013-та година дебитирал на модните писти за Givenchy.
А. В. | Црнобело