"Еве како се одржува линија"
- Детали
- четврток, 20 мај 2010
Да имаат како нејзината линија на телото сониваат “само” неколку милиони жени во светот. Преубавата Меган Фокс открива како успева да ја...
... одржи својата линија.
На разочарување на сите нејзини обожаватели, таа открила и дека е многу лоша готвачка во кујната и дека подобро би гладувала отколку да го проба јадњето што таа само би го подготвила.
“Попрво ќе умрам од глад него да си зготвам нешто за себе. Мислам дека можам да преживеам без храна дури и седум дена”, кажала убавата Меган.
Фокс исто така признала дека е во среќна љубовна врска со ѕвездата од серијалот Беверли Хилс, Брајан Остин Грин.
“Можам неколку дена, а дури и недели да бидам сама и да не разговарам со никој. Мразам да слушам комплиненти за тоа колку сум талентирана и колку би била добра глумица. Секогаш мислам дека тоа е лажно и дека е на сила”, вели Фокс.
Убавицата исто така кажала и што мисли за пластичната операција:
“Би ги посоветувала сите прво да поразговараат со психијатар или со терапевт, да пробаат да сфатат од каде доаѓа таа идеја, бидејќи често операциите на заби, нос и слично не ги решаваат проблемите. Дури после тоа ако сте сигурни дека сепак сакате да легнете по нож, тогаш направете ја пластичната операција”.
Запрашана за нејзините топлес фотографии кои се појавија пред извесно време, Меган вели: “Бев на снимање на филм и си ја работев својата работата, а тоа ми се с... и едноставно се случи и лута сум поради тоа”.
Исто така открила дека пати од опсесивно-компулсивно пореметување, па поради тоа неможе да користи јавен
тоалет или пак прибор за јадење во ресторани.
“Тоа е болест и јас сум болна. Само кога ќе помислам дека треба да користам прибор кои го користеле други милион луѓе јас отстапувам од тоа”, признала Меган.