Марк Ентони (55) и сопругата (24) направија крштевка за синот - Надја дефинитивно дека е една од најубавите жени на светот
- Детали
- вторник, 26 септември 2023
Марк Ентони (55) и сопругата Надја (24) летово го добија првото заедничко дете, а сега парот направи и крштевка во катедрала во Мексико. Потоа прославија во ресторан со жива музика. Тие уште го немаат откриено името на бебето, а го кријат и неговото лице на Инстаграм објавите.
Марк Ентони и сопругата Надја Фереира направија крштевка за нивното дете во Мексико.
Надја сподели неколку фотки на Инстаграм од крштевањето во црква, како и видеа од прославата во ресторан.
За настанот, Надја избрала бел костим со здолниште украсен со златни копчиња, додека Марк носеше костум и вратоврска.
„Тоа што сведочев како се прероди како христијанин во нашите раце, со кумовите Мале и Карлос во катедралата, беше еден од најубавите мигови во мојот живот.
Твоето име веќе е запишано во рајот моја љубов… Божјо дете“, пишува во описот на објавата.
Марк и Надја го добија бебето во јуни годинава, а уште го немаат откриено неговото име.
Тие го немаат откриено ни полот, но според објава од мајката на Надја, најверојатно имаат момче. На фотката, таа го нарекува внукот „принц на баба“.
За 55-годишниот Марк ова е седмо дете, кој има две деца и со Џеј Ло.
Прочитајте и: Марк Ентони ја побарал за жена по 3 месеци врска, поранешниот дечко ја обвини дека е спонзоруша – Што знаеме за Надја Фереира?
Спирова С. | Црнобело