Егзотичниот ресорт во кој Пипа Мидлтон ќе го помине медениот месец (фото)
- Детали
- петок, 26 мај 2017
После раскошната свадба, Пипа Мидлтон и Џејмс Метју ќе се релаксираат на меден месец далеку од центарот на вниманието.
За помалку од една година парот успеа да организира свадба со присуство на повеќе од 300 гости, што е доволна причина да го добијат својот заслужен одмор.
Нивниот избор за медениот месец е „The Brando Resort“ во Француска Полинезија.
Одморалиштето е именувано според холивудската легенда Марлон Брандо, кој токму таму купил приватен остров во 1967 година.
По неговата смрт во 2004, имотот е претворен во луксузно одморалиште кое е омилена локација на познатите личности, поради одличната услуга и приватноста која ја нуди.
Островот претставува дел од низа корални острови кои оформуваат лагуна со кристално чиста вода. Сите 35 вили кои се наоѓаат на островот се климатизирани, функционираат со помош на соларна енергија и имаат генератори кои работат на кокосово масло.
Најдобро опремената вила се состои од над 800 квадратни метри, со сопствен базен од 70 квадратни метри. Престојот тука чини 11.200 долари за една ноќ.
М. С. | Црнобело