Славни парови кои ѝ дадоа втора шанса на врската
- Детали
- четврток, 11 мај 2017
Велат дека скршеното никогаш не се лепи, но како и секое правило, и тоа има исклучоци.
Понекогаш луѓето се согласуваат на компромиси, бидејќи едноставно сметаат дека љубовта е повредна.
Ви откриваме неколку славни парови кои еднаш се разделиле, пред повторно да бидат заедно. И да останат заедно.
Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс
Во брак се од 2000-та година, но во 2013-та година се разделија. Сепак, не следеше развод туку повторно враќање и опоравување на бракот, и покрај 25-годишната разлика.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон
Пријателството на Вилијам и Кејт прерасна во романса уште во 2002-ра, но во 2007-ма година се разделија. Сепак, таа разделба не траеше долго, и по неколку месеци повторно се состанувале. Во 2010-та ја објавија нивната веридба, а во 2011-та стапија во брак.
Меган Фокс и Брајан Остин Грин
По 11 години заедно, Меган и Брајан поднеле барање за развод. Но, на големо изненадување, 6 месеци подоцна Меган се појави со трудничко стомаче. Од 2016-та повторно се заедно.
Џејсон Статам и Рози Хантингтон Вајтли
Џејсон и Рози се запознале уште во 2010-та година и љубовната иднина им изгледала прекрасна, но заради големата разлика во годините, по 3 години врска направиле пауза. Сега се заедно, верени и го очекуваат своето прво дете.
Пинк и Кери Харт
Во 2006-та година парот се венчаше, но во 2008-ма врската се распадна. Сепак, парот решил да си даде простор и време пред да поднесе барање за развод. Година подоцна, одлучиле дека нема потреба од развод. Во 2011-та Пинк ја роди првата ќеркичка.
Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт
2013-та година беше фатална за Мајли и Лијам, кои беа заедно 4 години, па дури и верени, но решија да се разделат. Им беа потребни цели 3 години за на врската да ѝ дадат втора шанса.
Џастин Тимберлејк и Џесика Бил
Во 2007-ма Џесика и Џастин веднаш штом се запознале почнале да се состануваат. Но, во 2011-та врската пропаднала, наводно заради неверство на Тимберлејк. Сепак, само 6 месеци подоцна парот реши да си даде втора шанса. Во 2012-та стапија во брак, а во 2015-та го добија првото синче.
Адам Левин и Бехати Принслу
Адам Левин е познат по менувањето на моделите од Victoria’s Secret, па така во 2012-та доживеа кратка романса со Бехати. Љубовта траеше неполна година, по што започнаа шпекулации дека Адам и Нина Агдал се новиот пар. Сепак, шпекулациите не го спречија смирувањето на парот, кој во 2013-та објави дека е верен. Сега се во брак и имаат ќеркичка.
М. Д. | Црнобело