Го скокна црвениот тепих, но освои со црвениот фустан – Бијонсе е цветна кралица (фото)
- Детали
- вторник, 02 мај 2017
35-годишната пејачка изгледаше како подвижно уметничко дело, сосема соодветно на манифестацијата на која присуствуваше заедно со сопругот Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви.
Во саботната вечер тие семејно се појавија и го поддржаа настанот организиран од страна на мајката на Бијонсе, Тина Лосон и очувот Ричард Лосон.
„Wearable Art Gala“ настанот кој се одржа во калифорнискиот Африканско-американски музеј во Лос Аџелес предизвика огромно внимание токму поради појавувањето на омиленото американско селебрити семејство, иако Бијонсе реши да го скокне црвениот тепих. Сепак, нејзинот црвен фустан и огромната цветна круна го добија заслуженото внимание.
Со сигурност можеме да се согласиме дека Бијонсе е прекрасна трудница и бременоста со близнаците ѝ прилега одлично. Погледнете го нејзиниот цветен изглед:
(O)Милена | Црнобело