Убедливо најбизарните теории на заговор за славните
- Детали
- петок, 21 април 2017
Иако на славните не им се потребни теории на заговор за да привлечат внимание, сепак тие постојат и се провлекуваат со години.
Сигурно досега не сте ни помислиле дека некој може да тврди како Џастин Бибер е рептил и дека Елвис Присли е жив...
Но, ете, и тоа го има.
Еве уште неколку бизарни теории на заговор за славните:
Мајли Сајрус е мртва
За да го објаснат наглото провоцирање на Мајли Сајрус која со години глумеше примерно девојче во Хана Монтана, во 2007-ма година дел од теоретичарите се согласија дека Мајли е мртва, а од Дизни ја сокриле нејзината смрт и дека оттогаш ја глуми двојничка.
Бесмртниците во Холивуд
Секој ден излегуваат сè повеќе фотки од двојници на славните од минатото, па заради тоа многумина не веруваат дека е возможно толку да си личат. Поточно, тоа се теоретичарите на завери кои веруваат дека дел од славните се бесмртни. Па така, ако решите да кажете дека Кијану Ривс и Николас Кејџ со години изгледаат исто благодарение на генетиката, тие ќе ви кажат дека се работи за бесмртност.
Витни Хјустон е убиена од Илуминатите
Една од најлудите теории на заговор е таа дека Витни Хјустон била убиена од страна на Илуминатите. Наводно, жртвувана е заради Блу Ајви, детето на Џеј Зи и Бијонсе. Теоретичарите тврдат дека самото име Blue Ivy е анаграм од Elub Yvi, што на некојси јазик значи слуга на ѓаволот.
Кети Пери лажирала смрт во детството
Во средината на 1990-тите во Америка се проширила потресна приказна за девојче мол, JonBenet Ramsey, чија смрт и денес не е разјаснета. За работата да биде уште поморничава, поединци почнаа да ја воочуваат сличноста меѓу Кети Пери и малечкото девојче, тврдејќи дека родителите сфатиле дека не може да се носи со славата, па лажирале смрт за да живее нормално детство.
М. Д. | Црнобело