7 тајни на Блејк Лајвли: Сака да глуми Мини Маус барем еднаш во животот
- Детали
- среда, 19 април 2017
Ден Хамфри не е единствената личност од „Gossip Girl“ која имаше повеќе од само неколку мали обични тајни.
Во ова видео, Блејк Лајвли зборува за „Variety“ за 7 изненадувачки работи кои повеќето луѓе најверојатно воопшто не ги знаат за неа.
Од нејзиниот омилен Инстаграм профил до тоа дали се плаши од ајкули после снимањето на филмот „The Shallows“...
Таа исто така зборува и за нејзиниот прв (многу мал) стан во Њујорк и најдобриот совет кој го добила од својата мајка.
Видеото е интересно, а тешко е да не останете шармирани од симпатичните одговори на актерката:
Инаку, видеото е дел од традицијата на списанието кое секоја година одбира неколку силни жени која ги користат своите моќ и влијание за благородни причини.
Оваа година се одбрани: Џесика Честејн, Челзи Клинтон, Гејл Кинг, Блејк Лајвли, Одра Мекдоналд и Шари Редстоун.
Н. Г. | Црнобело