Жолти заби и лузна на лицето: Што му се случува на Дејвид Бекам? (фото)
- Детали
- среда, 29 март 2017
Фудбалерот се прикажа во издание какво го немаме видено досега.
Поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (41) ја шокираше својата верна армија фанови на Инстаграм, објавувајќи стравична фотографија. На фотографијата е Дејвид од профил, на лицето има огромна лузна, носот му е црвен и со мозолчиња, а забите како цел свој живот да ги нема измиено.
Неочекуваниот изглед на Бекам е проследен со лавина коментари од загрижените пријатели. „Дејвиде, па ти полуде!“, „Што ти се случи со лицето?!“ и „Потполно се имаш запуштено“, се само дел од реакциите под објавената фотографија.
Сепак, обожавателите многу брзо сфатија дека всушност станува збор за само добра филмска шминка, бидејќи поранешниот фудбалер малку и ќе глуми наредниов период.
Неговиот мошне близок пријател, режисерот Гај Ричи (48), му додели улога во својот нов филм за кралот Артур.
Во филмот, Дејвид ќе има само 13 редови текст, а вели дека ги вежбал секојдневно по еден час.
„Свесен сум дека многу поранешни спортисти запливаа во актерските води, па неславно потонаа. Подготвен сум за сите можни критики и знам дека сигурно ќе ги има. Се што правев досега, навистина ми беше уживање.“
Дејвид и Гај имаа соработка и порано, кога заедно ја снимаа рекламната кампања за модниот бренд H&M, со кој Дејвид зачестено соработува.
М. А. | Црнобело