Бред Пит тајно ја посетил Џоли во Камбоџа
- Детали
- среда, 29 март 2017
Судејќи по нивната тензична разделба во септември 2016-та година, многумина би претпоставиле дека Анџелина Џоли и Бред Пит не би сакале да патуваат заедно.
Но, 41-годишната Оскаровка и 53-годишниот актер решиле да поминат време заедно во Камбоџа каде Џоли во февруари 2017-та беше на премиера за својот нов филм „First They Killed My Father“, а Пит решил да ја посети за да помине време со 6-те деца.
„Бред тајно дојде во Камбоџа за да биде покрај децата“ - вели близок извор на семејството.
„Иако околу 75% од времето децата беа со Џоли, додека Бред беше во земјата го посетуваа и него“.
Инаку, ова не е првпат како Бред пропатувал до оваа земја само за да има шанса да биде покрај своето семејство. Во 2015-та година, додека Џоли го снимаше филмот „First They Killed My Father“, Бред Пит неколкупати ја посети за поддршка и совет, па и за да го собере целото семејство на едно место.
„Не беше постојано во Камбоџа, ама неколкупати дојде со децата за да бидат сите заедно“ - изјавил блискиот извор.
Инаку, по бурниот развод работите се чини дека се смирени со оглед на тоа што Џоли и Пит повторно комуницираат, заедно се сложија понатамошниот судски процес за посвојување на децата да го држат во тајност и фактот дека Пит повторно може да се гледа со децата.
Плус, фотки од февруарската премиера каде Џоли беше заедно со децата:
Н. Г. | Црнобело