Убави, славни и богати: Како тие го преживеале машкото неверство?
- Детали
- недела, 02 април 2017
Иако по нив копнеат милиони мажи ширум светот, сепак, нивните избраници ги издале и изневериле.
Овие познати дами откриваат како го доживеале и преживеале неверството:
1. Џенифер Лопез
Во интервјуто за британскиот Glamour во 2015 година, Џенифер ги сподели сите мудрости, кои ги спознала по неверството. Сепак, не откри кој е мажот што ја изневерил:
Најважно од сè е да сфатите дека неверството не се случило поради вас. Кога некој ве изневерува, тоа повеќе говори за самите нив...За нивните маани. Сепак, има многу жени кои чувствуваат дека неверството е последица на нивните недостатоци, дека нешто не е во ред со нив. Вистината е дека во прашање е егото на оној кој изневерува и она нешто кое им е потребно да ги исполни. Тоа ги тера да бараат среќа надвор од врската. А, не затоа што ние не сме биле доволни – објаснува Лопез.
2. Бритни Спирс
За време на концертот во Лас Вегас во 2014 година, баш во времето кога во медиумите проструи информацијата дека тогашното момче Дејвид Лукадо ја изневерувал, Бритни и се обрати на публиката со зборовите:
Ми се чини дека веќе сите знаат дека дечко ми ме изневерувал. Но, најдобриот дел на раскинувањата се првите состаноци. О, мој Боже, ми треба еден секси фраер. Има ли некој секси фраер во публика?
3. Клое Кардашијан
Ѕвездата на реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians" повеќепати доживеала неверство. На јавноста, пак, ѝ откри како се справила со две од нив.
За неверството на сопругот Ламар Одом: Ламар правеше сè што може за да се чувствувам како принцеза, така што никогаш не се ни посомневав во неверство. Тој беше толку добар. Ништо немаше во неговиот мобилен телефон - изјави во јануари 2016 година при гостувањето кај Хауард Стерн.
За неверството на поранешното момче Џејмс Харден зборуваше во емисијата „Koctails with Khloe“: Едноставно не сакам да имам врски со луѓе кои велат дека сакаат моногамија, а потоа прават сè и сешто наоколу.
4. Мег Рајан
Во далечната 2000 година, тогаш големите ѕвезди Мег Рајан и Денис Квејд беа во брак, сè додека немирната Мег не започна врска со колегата Расел Кроу за време на снимањето заеднички филм. Години по скандалот, Мег изјави:
Денис не ми беше верен долго време и тоа беше баш болно. После разводот, дознав уште многу за сето тоа.
5. Сиена Милер
Џуд Ло и Сиена Милер беа свршеници тој период. Но, во јавноста беше обелоденето дека тој ја изневерува со дадилката на неговите деца, кои ги има со поранешната сопруга Сејди Фрост. Секој отиде на своја страна, но се смирија на кратко по неколку години. За британската верзија на Esquire, Сиена подоцна кажа:
Кога една врска ќе заврши како што нашата заврши, важно е ако можеш да се смириш со таа личност, и еднаш засекогаш да видиш дали навистина е готово или имате шанса за нешто ново. Нашето помирување беше здраво и катарзично искуство. Ни овозможи растоварени да продолжиме понатаму и да имаме подобри иднини, одвоено, без анимозитет и драми.
6. Ева Лонгорија
Една од најубавите телевизиски актерки, позната по улогата на Габриела Солис во серијата „Очајни домаќинки“ ја изневери поранешниот сопруг, кошаркарот Тони Паркер.
Не ми беше важно која e неговиот избор. Мислам, имав моменти кога се преиспитував себеси: „Дали сум доволно секси? Дали сум доволно паметна?“ Сепак, по повеќето од тие прашање ќе застанев и ќе си речев: „Не, немој тоа да го правиш. Можеш да заглавиш во тој круг...– вака го опиша Ева своето доживување на прељубата во 2012 година.
7. Кендра Вилкинсон
Прељубничкиот скандал изби во 2014 година, кога во осмиот месец од бременоста, Кендра дозна дека Хенк Баскет ја изневерува со транссексуален модел. По помирувањето, во 2015 година го дадоа заедничкото интервју за магазинот People.
Не го изговарам зборот „прељуба“. Можам да речам дека не ми бил верен. Не ми е гајле за самиот чин на неверство. Важно ми беше како тој реагираше на сè, како и фактот дека за тоа дознав од медиумите. Тоа ме уплаши - се осврна Кендра на скандалот кој е зад нив.
8. Софија Буш
Актерката која е најпозната по нејзината улога на Брук Дејвис во „One Tree Hill“, кратко време (пет месеци) беше во брак со нејзиниот колега од серијата - Чад Мајкл Мареј. Тие се разделија по гласините дека тој ја изневерил со Парис Хилтон.
Одбивам да ме дефинира таа една врска, затоа и не сакав да зборувам на таа тема последните 10 години. Тоа беше огромен настан во мојот живот. А траумата беше само зајакната од публицитетот што го следеше неговото неверство, бидејќи само две години претходно, јас бев непозната студентка – напиша Буш во отвореното писмо за Cosmopolitan.
9. Дита фон Тиз
За својот поранешен сопруг Мерилин Менсон и неговата втора жена, Дита проговори во интервјуто за Telegraph во 2007 година. Во таа прилика, откри дека го мразела неговиот животен стил и постојаните „журкања“.
Имав впечаток дека мисли дека ја нема мојата поддршка. Но, вистината е, јас само не го подржував неговиот начин на живот. Со тек на времето, наиде на некоја која го поддржуваше. Знаев дека во мојот дом е во тек неприлична врска. Не ја сакав ни софата, ни креветот, ништо што би ме потсетувало на тоа - објаснува Дита.
10. Сандра Булок
Не многу долго по освојувањето Оскар во 2010 година, бракот на Сандра Булок се распадна пред очите на јавноста, поради скандалот поврзан со неверството на нејзиниот сопруг Џеси Џејмс.
Никој не може да бидe подготвен за ништо од ова. Ако во некој момент се најдете на место каде што можете да се завртите зад себе и да кажете: „Се случи, но среќна сум што сум денес овде кај што сум", тогаш тоа е добро - изјави таа за Redbook.
М. А. | Црнобело