Принцот Хари и Меган Маркл ќе почнат да живеат во Кенсингтоновата палата, близу до Кејт и Вилијам
- Детали
- понеделник, 27 март 2017
Принцот Хари и Меган Маркл се во врска од летото 2016-та година, иако истата ја официјализираа во ноември 2016, а веќе се брзаат и да почнат да живеат заедно.
32-годишниот принц ќе се пресели во својот нов дом во Кенсингтоновата палата заедно со својата 35-годишна девојка, ѕвездата на ТВ серијата „Suits“.
И се чини дека тоа сака да го направи што е можно побрзо.
„Хари се брза со реновирањето. Постојано доаѓа и прашува кога сè ќе биде готово. Се чини дека се брза да се пресели со Меган.“ - изјавил близок извор за палатата.
Американската актерка е постојан посетител на домот на Хари во Нотингем.
Инаку станот каде ќе се селат двајцата ќе биде дел од поголемиот дом на принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ.
Кејт Мидлтон и принцот Вилијам во палатата се селат во септември, кога принцот Џорџ ќе почне да учи во приватното училиште „Thomas's London“, Јужен Лондон. Сега засега живеат во „Anmer Hall“, Норфолк.
Меган која е разведена од својот прв сопруг со кој 2 години беше во брак, според изворот, сака да оформи семејство заедно со принцот, а и тој не е ништо помалку сериозен.
За неа дури има и јавно прозборено, нешто што никогаш претходно не го направил, иако беше во врска со актерката Кресида Бонас и адвокатката Челси Дејви.
Но, сè уште нема никакви информации околу тоа дали наскоро ќе се случи и веридба.
Н. Г. | Црнобело