Ѕвезди кои јавно признале дека се бисексуалци
- Детали
- петок, 24 март 2017
Кога се работи за ѕвездите и славните имиња, честопати трачевите за нив вклучуваат шпекулации за нивната сексуалност и љубовен статус.
Дел од похрабрите ѕвезди се соочиле со тие шпекулации преку признанија.
На пример, овие ѕвезди јавно имаат признаено дека се бисексуалци:
1. Анџелина Џоли
Џоли е прекрасна жена која е секогаш отворена на тема личната сексуална определба. Била во врска со жена и неколкупати има зборувано на тема како една жена може да задоволи друга. Сиве овие години како е на филмското платно, била во врска со едни од најзгодните ѕвезди од двата пола.
2. Лејди Гага
Лејди Гага е жена без граници. Па, затоа не нè зачуди многу кога изјави дека била во врска со жени во минатото. Дури призна и дека нејзината хит песна „Poker Face“ е за бисексуалниот идентитет.
3. Амбер Херд
Амбер е уште една ѕвезда која не го крие она што го сака. Пред да биде со Џони Деп, беше во врска со жена и отворено зборуваше за својата бисексуалност.
4. Меган Фокс
Згодната Меган призна дека во 2011-та дефинитивно се дефинирала како бисексуалка. Иако има изјавено дека сексот со маж е „валкан“, сепак сега има сопруг и деца.
5. Ферги
Пејачката кратко и јасно еднаш кажа дека имала многу забавни моменти со жени и не се срами од тоа.
6. Синтија Никсон
Ѕвездата од Сексот и градот долги години беше во брак со маж, со кој има две деца. Откако бракот се распадна, во 2012-та се ожени со Кристин Мариони и истата година се дефинираше како бисексуалка.
М. Д. | Црнобело