Дневна доза Омер за сите припаднички на понежниот пол (фото)
- Детали
- петок, 17 март 2017
Бариш Ардуч, или Омер, многу брзо стана миленик на женската популација.
Турскиот актер покрај многубројните успеси на телевизиското платно, може да се пофали и со титулата „Маж на годината“ за 2016-та од турскиот GQ магазин.
Зборува 4 јазици и е амбасадор на добра волја за живот без рак во Турција.
29-годишниот убавец веќе неколку години работи и како модел, покрај филмската кариера.
Што се однесува до сопруга или девојка, засега нема никакви јавни информации, иако некои шпекулираат дека е во блиска врска со актерката Gupse Özay. Сепак, приватниот живот вешто го чува сокриен од очите на јавноста.
Со висина од 182 сантиметри, црна коса, темни очи и одлични пропорции, идеално се вклопува во описот „совршен маж“.
Дневна доза Омер: