Што јаде и пие кралицата Елизабета во текот на еден ден?

Како кралицата Елизабета ја одржува својата виталност на полни 90 години?

sto-jade-i-pie-kralicata-elizabeta-vo-tekot-na-eden-den-001.jpg

Секој човек си има посебни навики кои открил дека му пријаат на организмот и здравјето, а ова се тајните на кралицата Елизабета, односно нејзиното мени во текот на еден ден:

Денот го почнува со чај и бисквити

Обично штом се разбуди пие Earl Grey чај, без млеко и шеќер, со неколку бисквити.

Потоа појадува

Нејзиниот појадок вклучува житарки и овошје. Меѓутоа, може да посегне и по парче леб и мармалад, кога житарките ќе и досадат.

sto-jade-i-pie-kralicata-elizabeta-vo-tekot-na-eden-den-1.jpg

Трета опција исто така е кајганата со димен лосос и тартуф.

sto-jade-i-pie-kralicata-elizabeta-vo-tekot-na-eden-den-3.jpg

Што се однесува до типот на јајаца, преферира кафени, а не бели, бидејќи смета дека имаат подобар вкус.

sto-jade-i-pie-kralicata-elizabeta-vo-tekot-na-eden-den-2.jpg

Пред ручекот обично ужива во чаша џин и Dubonnet, сладок аперитив на база на вино, со парче лимон и многу мраз.

sto-jade-i-pie-kralicata-elizabeta-vo-tekot-na-eden-den-4.jpg

Ручекот е едноставен

Тоа понекогаш може да биде едноставна мешавина од зеленчук и риба или едноставна салата од зеленчук и бело месо на скара.

sto-jade-i-pie-kralicata-elizabeta-vo-tekot-na-eden-den-5.jpg

Сепак, правилото важи „без скроб“, што значи нема компири, ориз или тестенини.

Секој ден има попладневна чаенка

Обично на чаенката има послужено ужини како краставици, димен лосос, јајца и мајонез или шунка и сенф. Од десерти, често има бисквити и торти, овошје, чоколадни бисквити и сендвичи со мармалад од малини.

sto-jade-i-pie-kralicata-elizabeta-vo-tekot-na-eden-den-7.jpg

За вечера повторно месо

Филети говедско, дивеч, фазан или сепак лосос, прелиени со сос од печурки, крем и виски.

sto-jade-i-pie-kralicata-elizabeta-vo-tekot-na-eden-den-8.jpg

Десертите вклучуваат многу јагоди или благи, бели праски.

sto-jade-i-pie-kralicata-elizabeta-vo-tekot-na-eden-den-9.jpg

Кралицата исто така обожава чоколадо, без оглед дали е од некој луксузен бренд или обично од супермаркет.

sto-jade-i-pie-kralicata-elizabeta-vo-tekot-na-eden-den-10.jpg

И сосема нормално, денот го завршува со чаша шампањ.

sto-jade-i-pie-kralicata-elizabeta-vo-tekot-na-eden-den-10_copy.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со дец... „Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошт...
Криси Тајген по гаќи, Ева Мендез со нов филер на усните – Славните на Олимписки игри 2024 (фото) Том Круз сам следеше неколку натпревари, додека Ева Мендез и Рајан Гослинг беа с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg