Megan Fox-пластика чуда прави
- Детали
- четврток, 29 април 2010
Сексипилната актерка, на црвениот тепих не излегува без кармин на усните, црно моливче околу очите, исфенирани локни и добар градник...
...кој ги подигнува градите.
Додека купувала низ продавниците на Лос Анџелес, Меган Фокс (23) била речиси непрепознатлива.
Изгледала уморно, не била нашминкана, имала расчупана коса, носела широка маица и панталони, а градникот изгледа го заборавила дома. Актерката потрошила неколку стотини евра на козметика.
Меган внимава на изгледот, но не толку како пред пластичната операција. Актерката еднаш во неделата посетува козметичарка која и го чисти лицето за 200 евра.
Фокс е опседната со Анџелина Џоли. За да личи на неа таа го корегирала носот, што наводно чинело 7.000 евра, ги зголемила усните за 1.000 евра, ги избелела забите и ја затемнила косата. Дури и се тетовирала како Џоли.
Меган е верена со Брајан Остин Грин (попознат како Дејвид Силвер од Беверли Хилс).