Кејтлин Џенер (67) и Андреја Пејиќ (25) во врска!?
- Детали
- четврток, 02 март 2017
Кејтлин Џенер на забавата после Оскарите во домот на Елтон Џон не била сама, туку заедно со трансексуалниот модел Андреја Пејиќ, па многумина веруваат дека се во врска.
„Кејтлин постојано ја држеше за рака додека се движеа“ - изјавил еден од оние кои биле на забавата.
„Зборуваа заедно, а Кејтлин цело време ја држеше за половина Андреја“ - додава.
„Исто така, разговараа и со Шерон Стоун.“ - продолжува.
5 часа после забавата заминaлe заедно на уште една забава, онаа на „Vanity Fair“ и заедно заминале од истата.
67-годишната Кејтлин и 25-годишната Андреја првпат се запознале во 2015-та година за време на доделувањето на „Гламур жени на годината“ во Њујорк.
Н. Г. | Црнобело