Милица (ОТ) во манастир
- Детали
- вторник, 27 април 2010
После многубројните проблеми кои ја снајдоа за многу краток период, и неколку обиди за самоубиство, младата пејачка Милица Мајсторовиќ, минатата...
...недела ја поминала на духовна рехабилитација во шумадијските манастири.
Таа заедно со својот дечко, поточно вереник, поминала неколку мирни денови.
“За се што ми се случуваше и за се што поминав ќе прозборам наскоро. Го пронајдов својот мир, а кој ми го попречуваше и што се ми се појави на патот до среќата, ќе откријам наскоро“ - изјавила Милица за српски Story.
Таа ја потврдила и веста дека е верена за својот дечко Ненад кој и беше најголема поддршка во тешките моменти.
“Точно е дека сум верена и тој статус на Facebook не е лажен, но не сакам да изнесувам детали во јавноста. Ненад ми е најголема поддршка покрај семејството. Среќни сме и убаво ни е.“ – заклучува Милица.