Адел, за првпат, го покажа сопругот во јавност
- Детали
- четврток, 16 февруари 2017
Врската на Адел со Сајмон Конеки преживеа 5 турбулентни години.
Многу од врските на Адел биле неуспешни сè додека не го сретнала Сајмон. Но, и покрај тоа што се работи за вистинска љубов го криеше од јавноста.
На почетокот на 2017 година Адел е забележана како носи бурма на раката и на доделувањата на Греми наградите ги потврди гласините за нејзиниот емотивен статус и се заблагодари на својот сопруг и син.
Конеки е 13 години постар од Адел и се смета за „чудо од дете“. Живеел во Њујорк, а веќе на 17 години станал брокер.
Се смета за моќен играч во финансиската кооперација „Lehman Brothers“, а на 24 години формирал и свој бренд на флаширана вода „Life Water“. Пред да ја запознае Адел бил во брак до 2008-ма година.
Адел долго време го чуваше во тајност својот емотивен статус, бидејќи сметала дека со тоа ќе го заштити сопругот, а и нема многу да се збори за нејзиниот приватен живот.
За Конеки вели, дека ја поддржува, но не е запознаен многу со музичкиот свет. Покрај тоа, таа вели дека Конеки е самоуверена личност и заради оваа негова карактеристика сака остатокот од животот да го помине со него.
С. М. | Црнобело