Пош и Лонгорија на реклама
- Детали
- четврток, 22 април 2010
Сопругата на најфотографи- раниот фудбалер на денешницата и некогашна членка на Spice Girls, Викторија Бекам во најновата реклама дизајнира...
...гардероба за најпривлечната домаќинка Ева Лонгорија Паркер.
Како што знаете, минијатурната Ева неколку пати се најде облечена во креации на Пош, така што она кое ќе го видите на рекламата до некаде има врска со реалната ситуација.
Пош и Ева се здружиле во рекламниот спот за мобилниот телефон LG. Пош се наоѓа во улога на дизајнерка која и дава модни совети на Лонгорија.
Овие дами го започнаа дружењето во 2007 година кога Бекамови се преселија во Лос Анџелес. Ева откри дека и се восхитува на Лонгорија за својата посветеност на семејството, а истовремено и успешна бизнис жена.