4 работи кои сигурно не сте ги знаеле за легендата на пистата, Наоми Кемпбел
- Детали
- недела, 19 февруари 2017
Легендата на модната писта, Наоми Кемпбел, сè уште чекори на неа подобро од било кој друг модел кој го познавате.
Освен што чекори на пистата со неверојатни грациозност и леснотија, што друго знаете за неа?
Откриваме неколку тајни на моделот Наоми Кемпбел:
1. За време на нејзините почетоци како модел, во фрижидерот имала само пиво
„Ја запознав Кристи (Тарлингтон) кога имав 16 години, во Лондон. Ми кажа дека морам да дојдам во Њујорк и да живеам со неа. Немавме ништо во фрижидерот, освен „Rolling Rock“. Ништо.“ - вели Наоми.
2. Никогаш повторно не планира да биде дел од ријалити шоу
„Мислам дека никогаш повторно нема да учествувам во ријалити шоу. Ги сакав моите девојки (од „The Face“) и обожавав да ги учам. Често станував малку нервозна - посебно кога доаѓаше времето за односи со јавноста. Ријалити шоуата според мене понекогаш ја преминуваат границата. Прво те оставаат без редови за кажување и решаваш да кажеш што имаш да кажеш, а потоа на еден начин те критикуваат за тоа. Тоа знаеше да ми ја зоврие крвта“ - објаснува.
3. Никогаш не искусила расистичко однесување, затоа што не дозволила тоа да се случи
„Луѓето може да кажат дека сигурно сум се соочила со расизам. Но, јас нема да го потврдам тоа. Никогаш не би го прифатила тоа. Ќе го прифатам предизвикот и ќе докажам, на еден или на друг начин, дека можам да го добијам тоа што го сакам. Амбициозна сум и не би дозволила никој да ме повреди.“
-->
4. Нелсон Мандела е нејзината најголема инспирација
„Кога згуснува и сè околу мене станува лудо, „заминувам“ на моето тивко место. Тешко е да најдете време кога не знаете како. Нема книга која може да ви помогне да најдете мир. Но, мене во тоа ми помогна Нелсон Мандела. Секогаш сум го следела неговиот пример на безусловна љубов, добрина и морал.“
Н. Г. | Црнобело