Бејби Бум: Амал Клуни чека близнаци, а и Роузи Хантингтон го покажа стомачето (фото)
- Детали
- петок, 10 февруари 2017
Како да „има нешто“ меѓу славните. Уште две бремени дами открија дека очекуваат деца, Амал Клуни и Роузи Хантингтон Вајтли.
Роузи со фотка на Инстаграм откри дека го очекува своето прво дете заедно со нејзиниот вереник Џејсон Статам.
На фотката напишала: „Среќна сум, да споделам дека Џејсон и јас очекуваме дете!! Многу љубов, Роузи“.
Од друга страна, после многу шпекулации и претпоставки, конечно, се откри дека и Амал и Џорџ Клуни очекуваат близнаци.
Информацијата ја откри водителката на емисијата „The Talk“, Џули Чен. Таа најави дека 55-годишниот актер и неговата 39-годишна сопруга, очекуваат близнаци во јуни.
„Бијонсе не е единствената ѕвезда која очекува близнаци! Честитки за Џорџ и Амал Клуни“ - изјави Чен.
Дури и блискиот пријател на Џорџ, Мет Дејмон изјавил, дека е многу среќен за својот пријател: „Пресреќен сум за него. Таа е неверојатна. На секое ниво. Неверојатна жена. Заедно се одлични. Ќе бидат супер родители.“.
Н. Г. | Црнобело