Славни личности кои не планираат да го остават богатството на своите деца
- Детали
- вторник, 07 февруари 2017
Да имате богати и славни родители знае да биде убава работа, барем за оние кои знаат дека потоа ги чека огромно наследство. Но, некои славни личности не планираат своето богатство да го дадат на своите деца.
Некои наместо тоа, парите ќе ги донираат.
Ова се некои од најбогатите славни личности кои не планираат да ги разгалуваат своите деца:
Марк Закерберг
Основачот на Фејсбук стана милијардер пред да наполни 32 години и денес има богатство вредно 50 милијарди долари кои не планира да ги остави на својата ќерка Макс.
Идејата на Закерберг е да им даде шанса и на другите деца во светот да го остварат својот потенцијал.
Стинг
Стинг има 300 милиони долари, но нема да остави ниту долар на своите 6 деца. Во интервју, музичарот јавно има кажано дека поголемиот дел од неговото богатство ќе го троши сам.
„Им кажав дека нема да има останато многу пари, бидејќи сите ги трошиме“ - изјавил тој.
Елтон Џон
Елтон Џон и неговиот сопруг заедно имаат 550 милиони кои не планираат да ги остават на своите синови, Илајџа и Захари.
„Секако дека сакам да им дадам добра основа на моите деца, но не сакам да бидат разгалувани и да изгледа како да се ранети со златна лажичка.“
Бил Гејтс
Бил Гејтс има богатство вредно 90 милијарди долари кои не планира да ги остави на своите деца Џенифер, Рори и Фиби.
Могулот неодамна објасни дека планира да им даде можност за образование на децата, но не и парите кои тој ги има заработено. Поточно, планира да им остави само мал дел од богатството, а сè друго да донира.
Ворен Бафет
Ворен низ годините има насобрано богатство вредно 65 милијарди долари, но само мал дел од тие пари ќе отидат кај неговите деца. Тој планира 99 проценти од богатството да ги донира.
Сајмон Кауел
Сајмон има богатство од 550 милиони долари кои нема да ги остави на својот син Ерик.
„Моите пари ќе ги донирам на деца и кучиња најверојатно. Не верувам дека е добро да се оставаат пари од генерација на генерација“ - изјавил тој во едно интервју во 2013-та година.
Џеки Чен
Џеки има богатство вредно 350 милиони долари кои планира поголемиот дел да ги донира, наместо да ги остави на својот син. Инаку, актерот е амбасадор на добра волја за УНИЦЕФ и дел од многу кампањи против злоупотреба на животните.
Џин Симонс
Басистот на Kiss има 300 милиони долари во банка, но парите нема да ги остави на двете деца Ник и Софи.
„Сакам да ги бутнам во светот како што прават птиците и да ги оставам сами да сфатат што ќе прават со својот живот“ - објаснува тој.
Џорџ Лукас
Лукас е еден од најбогатите режисери во Холивуд со богатство проценето на 5 милијарди долари, кои не планира да ги остави на децата.
„Поголемиот дел од парите ќе ги донирам за подобрување на образованието“ - изјавува тој.
Тед Тарнер
Тед е еден од најголемите медиумски могули со богатство од 2 милијарди долари, кои дел ќе ги остави на децата, а дел ќе ги донира.
Н. Г. | Црнобело