Израел ја напаѓа Бар Рафаели
- Детали
- среда, 14 април 2010
Познатата израелска манекенка, Бар Рафаели, девојка на Леонардо Ди Каприо, направи провокативна фото сесија со момците од популарното реално...
...шоу “Jersey Shore“, кое наскоро ќе почне да се прикажува и на MTV Adria. Фото едиторијалот е потпишан од познатиот фотограф Тери Ричардсон.
Иако недостасува изјавата на Лео, израелците повторно се огласија. Фотографиите предизвикале незадоволство кај израелската јавност и тоа заради чевлите!
На фотографиите каде Бар грицка џиновски сендвич, четирите момци од шоуто носат бели, црни и зелени чевли. На прв поглед – ништо чудно, но израелците не мислат така.
Тие ги поврзале боите со палестинското знаме и фотографиите ги означиле како инсинуација на нивниот национален идентитет.