Кристијано Роналдо со девојката и синчето ја прими наградата од FIFA за најдобар играч
- Детали
- вторник, 10 јануари 2017
Ноќеска Кристијано Роналдо беше почестен со наградата за најдобар играч на FIFA фудбалските награди.
Поддршка му беше неговото синче, Роналдо Џуниор, и неговата девојка Џорџина Родригез.
За појавувањето во Цирих, Роналдо одбра темно син костум, а Роналдо Џуниор исто така носеше мини костим.
Згодната девојка на Роналдо се разголе во црно мини фустанче и црни високи потпетици.
Која е Џорџина Родригез, новата официјална девојка на Роналдо?
Родригез до неодамна работела во Gucci продавница во Мадрид, и така 21-годишната девојка дошла во контакт со Роналдо. Парот се запознал на настан на Dolce & Gabbana минатата година, пред првпат да бидат забележани заедно во ноември 2016-та, во Париз.
Шпанскиот модел учела танц пред да ја промени својата кариера во насока на моделинг. Учела неколку години англиски јазик во Лондон. Кога се вратила дома од Англија, се преселила во Мадрид, наместо да се врати во малечкото гратче Хака од каде потекнува.
М. Д. | Црнобело