30 актерки под 30 години кои ја освоија 2016-та година
Блејк Лајвли
Покрај раѓањето на второто дете и успехот на сопругот Рајан Рејнолдс кој конечно доби ѕвезда на холивудската патека на славните, Блејк Лајвли пронајде време и да поработи во 2016-тата година и покрај бременоста и да предизвика восхит и љубомора со фотките од црвениот тепих како оние на Канскиот филмски фестивал. Вуди Ален ѝ ја додели довербата за една во улогите на неговиот „Café Society“.
Амбер Херд
Прекрасната Ембер ги наполни страниците на жолтиот печат во годината која изминува поради заплетканиот непријатен развод со Џони Деп. Иако многумина ја ставија на „црната листа“ за соработка, тоа не ја спречи да ја добие улогата на Мера во филмот кој сите го очекуваме со нетрпение, работен според стрип „Justice League“.
Ешли Бенсон
Убавата мала лажливка ја привршува последната 7-ма сезона од хит серијата „Pretty Little Liars“ која ѝ донесе планетарен успех. Во меѓувреме, го прослави својот роденден во кругот со девојките од истоимената серија.
Камила Бел
Темната бринета со истенчен моден вкус оствари сериозна улога во мистериозната трилер-драма „The American Side“, но она на кое најмногу работеше во 2016-тата година е филмот инспириран од книгата „Моби Дик“ – „The Mad Whale“, чија премиера ја очекуваме следната година со Џејмс Франко покрај неа.
Сара Хајланд
Младата Хајланд продолжува со хит серијата „Modern Family“, а годинава ги одигра главните улоги во два сосема спротивни филмови – музикалната драма „XOXO“, и хоророт „Satanic“.
Патем, ги покажа и своите ослични гласовни способности, во неколку музички преработки со cover бендот „Boyce Avenue“ кои може да ги погледнете на YouTube.
Ариана Гранде
Несопирливата пејачка имаше неколку хитови во 2016-тата година: „Into You“, „Side to Side“ и „Roads“, а она што можеби е најмалку вредно да се спомене е нејзиното епизодно појавување во филмот „Zoolander 2“, кој доживеа катастрофален неуспех. Во подготовка е нејзиниот нов албум кој ќе излезе следната година.
Ејми Росум
Талентираната Росум го имаше можеби најѕвездениот момент во хит серијата „Shameless“ токму оваа година, а го крена својот глас поради нееднаквиот хонорар кој го добива наспрема машките актери во серијата. И погодувате – ја доби битката.
Емилија Кларк
„Мајката на змејовите“ е можеби најдобриот дел од мега-популарната „Game of Thrones“, но она што вистински ни го стопи срцето беше нејзината изведба во филмскиот хит „Me Before You“.
Саорис Ронан
Номинирана за Оскар за најдобра женска улога во филмот „Brooklyn“ на почетокот на годината, оваа ирско-американска актерка подготвува дури 4 нови филмови за следната 2017-та година.
Емили Ван Кемп
Канадската актерка најпозната по улогата во серијата „Revenge“, конечно ја доби својата прва сериозна филмска шанса во блокбастерот „Captain America: Civil War“, во кој заблеска покрај Крис Еванс и Роберт Дауни Џуниор.
Шајлин Вудли
Оваа неуморна млада девојка ја продолжи филмската хит-сага „Divergent: Allegiant“ во 2016-та година, а ја глумеше и девојката на Едвард Сноуден во истоимениот автобиографски филм „Snowden“.
Но, она кое се очекува со нетрпение е ТВ серијата „Big Little Lies“ во која ќе глуми Вудли, која излегува следната година, а е работена според книгата на Лиен Мориарти, која беше огромен хит.
Мили Боби Браун
Мили е можеби најголемото изненадување во 2016-тата година. Со само 12 години таа ги покажа своите неверојатни актерски способности во хит серијата на која ѝ се заканува култен статус – „Stranger Things“.
Елизабет Олсен
Помладата сестра на близначките Олсен започна да ја цементира својата славна патека со „Avengers: Age of Ultron“, а успехот оваа година го продолжи со „Captain America: Civil War“, слично како и кај Емили Ван Кемп.
Зои Кравиц
Ќерката на Лени Кравиц глумеше во „Allegiant“ покрај Шајлин Вудли, но шлагот на тортата оваа година, претставува малата филмска улога во долгоочекуванот „Fantastic Beasts and Where to Find Them“ работен според книгата на Џ. К. Роулинг.
Марго Роби
Прекрасната талентирана актерка ја запечати годината со неочекувано склучување брак, откако напорно работеше на филмовите „Whiskey Tango Foxtrot“, „The Legend of Tarzan“ и огромниот хит „Suicide Squad“. Последниот можеби не ги освои критичарите, но Марго со сигурност нè освои нас.
(О)Милена | Црнобело