30 актерки под 30 години кои ја освоија 2016-та година
- Детали
- четврток, 22 декември 2016
Кој вели дека искуството доаѓа со годините? Овие 30 млади дами се одличен доказ дека не мора да имаш многу години во личната карта за да бидеш квалитетен и да доживееш успех.
Некои од нив штотуку наполнија 30 години, но поголемиот дел не се ни блиску до третата деценија од животот, како ѕвездата на „Stranger things“ – Мили Боби Браун, која има само 12 години.
Ни останува само да се воодушевуваме на нивниот изглед и неверојатниот успех:
Алисија Викандер
Годината започна одлично за шведската актерка Алисија Викандер, која доби Оскар за најдобра споредна женска улога во филмот „The Danish Girl“.
Успехот продолжи со улогите во долгоочекуваниот „Jason Bourne“ покрај Мет Дејмон кој се врати да ја репризира познатата улога и емотивниот „The Light Between Oceans“, екранизиран според книгата на М. Л. Стедман.
Клои Грејс Морец
19-годишната русокоса можеби имаше турбулентна 2016-та година на љубовен план по раскинувањето со Бруклин Бекам, но енергијата ја насочи кон филмовите како „The 5th Wave“ и вториот дел од комичниот хит „Neighbors 2: Sorority Rising“ покрај Сет Роген и Зак Ефрон.
Ема Вотсон
Шармантната Ема Вотсон оваа година неуморно работеше на филмот кој сите го очекуваме со нетрпение „Beauty and the Beast“ кој својата премиера ќе ја доживее следната година.
Во меѓувреме, започна феминистички клуб на читатели на познатата страна за рецензии на книги Goodreads – Our Shared Shelf, и одржа сјаен говор во Обединетите Нации во септември за рамноправноста на половите.
Џенифер Лоренс
Номинирана за Оскар, на почетокот на годината, за најдобра женска улога во филмот „Joy“, Џенифер Лоренс воопшто не се разочара што престижната награда отиде во рацете на Бри Ларсон.
Напротив, својата енергија ја насочи кон „X-Men: Apocalypse“ и „Passengers“ во кој глуми со Крис Прат.
Ема Стоун
Дали знаевте дека Ема Стоун била по малку љубоморна на огромниот успех кој го постигна Џенифер Лоренс? Но, нема апсолутно никаква потреба од тоа, бидејќи таа по вторпат заигра на филмското платно покрај прекрасниот Рајан Гослинг, овојпат во холивудскиот мјузикл „La La Land“.
Ема Робертс
Внуката на Џулија Робертс нè освои со својата изведба во филмот исполнет со адреналин „Nerve“ во кој глумеше со помалиот брат на Џејмс Франко – Дејв, а комичната серија „Scream Queens“ исполнета со црн хумор и сериски убиец се враќа со втора сезона наредната година.
Леа Мишел
Ѕвездата на хит серијата „Glee“ глумеше сосема поинаква улога во претходно споменатата серија „Scream Queens“, а во 2016-тата ги красеше кориците на голем број списанија.
Фотосесијата и интервјуто за „Women’s Health“ предизвика најголемо внимание, каде што Леа Мишел ги сподели тајните за нејзиното прекрасно вајано тело, изјавувајќи дека е во најдобрата топ форма досега.
Емили Браунинг
Австралиската актерка со необичен изглед ја одигра главната улога во романтичната крими-драма „Shangri-La Suite“, а целата оваа година неуморно работеше на ТВ серијата „American Gods“, чија премиера се очекува следната година.
Кристен Стјуарт
Ѕвездата на „Twilight“ имаше бурна година во која смени 3 различни девојки и конечно престана да се заморува со мислењето на јавноста за нејзиниот приватен живот.
2016-тата ја освои со 4 нови филмови, меѓу кои припаѓа и еден од најозборуваните кои предизвикаа најмногу внимание – „Café Society“ на режисерот Вуди Ален.
Британи Сноу
Популарноста на забавниот „Pitch Perfect“ ги отвори вратите за шармантната русокоса Сноу, која се појавува во неколку ТВ серии, како „Workaholics“ и „Crazy Ex-Girlfriend“.
Кет Денингс
Успехот на комичната серија за двете сиромашни девојки кои се обидуваат да го лансираат својот бизнис со мафини „2 Broke Girls“ продолжува, бидејќи серијата ја обновија за уште една сезона во наредната 2017-та година, а најголем дел од оваа популарност се должи на талентираната Кет.
Ешли Грин
Тивка и ненаметлива, младата Ешли Грин оствари неколку споредни улоги во 2016-тата година, но проектот на кој најмногу се посвети е анимираниот филм „Max & Me“, чија премиера ја очекуваме следната година.
Џема Артертон
Бонд девојката со маѓепсувачка убавина оствари улога за паметење во комичната романтична драма „Their Finest“, а за сите љубители на хорори, задолжително пронајдете време да го погледнете „The Girl with all the Gifts“ во кој играше покрај Глен Клоуз.
Нина Добрев
Миленичката на црвениот тепих, актерката со бугарско потекло Нина Добрев ја разочара верната публика откако ја напушти серијата со која се прослави .
Актерката со бугарско потекло Нина Добрев ја разочара верната публика откако ја напушти серијата со која се прослави „The Vampire Diaries“, но се шпекулира дека е можно нејзино појавување во последната осма сезона.
Во меѓувреме, таа вредно работеше на „ xXx: Return of Xander Cage“, за кој се очекува дека ќе биде огромен хит, со оглед на филмските партнери Вин Дизел и Семјуел Л.Џексон.
Диана Агрон
Уште една ѕвезда од ТВ серијата „Glee“ која потврдува дека актерките кои се појавуваат во музички спотови предизвикуваат уште поголемо внимание.
Во 2016-тата се омажи со член од бендот „Mumfrod&Sons“ во Маракеш, Мароко, а со нетрпение ја очекуваме премиерата на „Headlock“ во кој Агрон глуми заедно со Енди Гарсија.