Милица пак се предозирала
- Детали
- среда, 07 април 2010
Иако неодамна изјави дека започнала да работи на албумот и се чувствува подобро, учесничката на Операција Триумф, Милица Мајсторовиќ, повторно...
...се обидела да си го одземе животот.
Доказ за тоа е најновата случка во центарот на Крагујевац, родното место на Милица. Имено, шетајќи се со својот дечко Ненад Јовановиќ, Милица се онесвестила заради претерано земање антидепресиви кои ги пиела на своја рака.
Овој пат Милица не завршила во Ургентниот Центар, туку нејзиниот дечко Ненад ја зел кај него дома, каде ги поминале заедно Велигденските празници.
Како што пишуваат српските весници, Милица е во потрага по финансии за да може да го издаде албумот и во момент на растројство повторно посегнала по антидепресивите.