Сумо борбата на Џенифер Анистон и Елен Деџенерис (видео)
- Детали
- четврток, 01 декември 2016
Џенифер Анистон се појави како гостинка во најновото шоу на Елен Деџенерис и навистина може да се каже дека и двете одлично се забавуваа.
Иако еден од главните настани во емисијата беше нивната сумо борба, зборуваше и за тоа како го поминала Денот на благодарноста, но и за нејзиниот профил на Snapchat.
Џенифер е позната по тоа што не е љубител на социјалните мрежи па токму и во оваа емисија зборуваше за тоа како е загрижена за младите генерации кои од ден на ден стануваат сè позависни од нив.
„Децата веќе не комуницираат меѓу себе. Само што се вратив од Вермонт, каде бев во посета на пријатели. Тие имаат две деца, 9 и 12 години. Немаат ниту iPhone ниту iPad. И токму овие деца се најинтересни кога ќе отидат на забава со нивните врсници, кои за разлика од нив ја поминале цела вечер зјапајќи во телефоните. Навистина е тажно да се гледа тоа.“ – вели Џенифер.
М. С. | Црнобело