Како изгледа актерката која глумеше три сестри близначки во „Љубовни врски“?
- Детали
- среда, 30 ноември 2016
Се сеќавате на романтичната мексиканска теленовела „Љубовни врски“?
Приказната се вртеше околу трите идентични сестри близначки Марија Гвадалупе, Марија Фернанда и Марија Паола кои ги глумеше актерката Лусеро Хогаза Леон.
Актерката од тогаш ја паметиме во три различни изданија како мила девојка, но и како вистинска злобница.
Но, дали знаете како изгледа сега?
Лусеро денес има 47 години и сè уште изгледа неверојатно добро - како времето да застанало за неа.
Инаку, после теленовелата „Por Ella Soy Eva“ таа го прекина својот работен однос со Televisa после 33 години соработка, а во 2014-та година се приклучи на Telemundo.
Нејзина најнова ТВ серија е „Carita de Angel“.
Н. Г. | Црнобело