Pirelli календар за 2017 - соголување на ѕвездите без Фотошоп и шминка

„Emotional“ е насловот на календарот на Pirelli кој и оваа година, како и минатата, е поинаков од она на кое претходно бевме навикнати.

pirelli-kalendar-za-2017-sogoluvanje-na-dzvezdite-bez-fotosop-i-sminka-1.jpg

Создавањето на календар посветен „не на совршени тела, туку на чувствата и емоциите, соголувајќи ја душата на моделите, кои на тој начин стануваат целосно разголени пред светот“ е целта кон која се стреми календарот.

Календарот е дело на германскиот фотограф Питер Линдберг кој вели дека она кое сакал да го прикаже и раскаже преку сликите е една “Вистинска убавина, автентична, недопрена од рекламите, убавина која зборува за индивидуалноста и храброста да се биде она што сме.“

Главните ликови на овој календар оваа година се познати актерки од различни возрасти, нации, земји, фотографирани со најголема едноставност, без Фотошоп и дополнителни ефекти за разубавување.

Кејт Винслет, Пенелопе Круз, Ума Турман, Никол Кидман, Алисија Викандер, Џулиен Мур, Робин Рајт, Хелен Мирен, Руни Мара, Џесика Частеин, Лупита Нионго, Леа Сејду, Шарлота Рамплинг, Џанг Цији и Анастасија Игнатова се лицата кои ќе ги препознаете на црно-белите фотографии кои пленат со својата едноставност и убавина.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Без Фотошоп: Како изгледаа одблизу лицата на познатите дами на Мет гала 2024? (фото) Брчки, повеќе слоеви пудра, малку акни и мали несовршености, но и блескаво сјајн...
13 актери чија убавина не е по холивудски стандарди, а сепак се прославија Холивуд, се чини, има поставено стандарди за убавина, па некој што не личи на Бр...
Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...
„Бевме одвратни, не се бањавме“ – Џејсон Присли сподели детали од животот со Бред Пит „Сигурно тоа е тајната за денес да изгледа помладо од тебе“, коментираат твитерџ...
Која големина на облека носеле најпознатите актерки од минатиот век? Сте се запрашале ли која големина на облека носела Мерилин Монро или, пак Елизаб...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg