Сузан Бојл во необичен дует
- Детали
- четврток, 01 април 2010
Иако се познати по своите жешки ритмови, момците од бендот Rage Against the Machine сепак имаат слух за нешто “помека“ музика. Имено, пејачот на овој...
...популарен бенд Zak de la Roha, ја повика Сузан Бојл да биде специјален гостин на нивниот концерт кој ќе го одржат во Лондон на 6-ти јуни.
По тој повод музичарите на сцената треба заедно да го изведат големиот хит “Killing in the name“, пренесува британски Sun.
Причината за овој необичен музички микс лежи во тоа што членовите на бендот сакаат да се смират со еден од најпознатите музички продуценти на светот Сајмон Кауел, кој воедно е ментор на Сузан Бојл.
Дали од корист или не, ова може да биде интересен дует.